Спасовски и Маричиќ признаа дека немаат НАТО безбедносни сертификати и тоа го криеле од јавноста, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до јавоста.

Од партијата прашуваат што е тоа што спречува Спасовски да има сертификат и како е можно Маричиќ, како министер за правда кој доаѓа во допир со безбедносно сензитивна материја исто така да нема сертификат.

Дали големиот број криминални афери и корупциски скандали се причина за недовербата на НАТО? Како ако Спасовски и Маричиќ не ги исполнуваат критериумите на НАТО, ги исполнуваат на Македонија?

Спасовски и Маричиќ се опасност по државата и треба да си поднесат оставки, смета ВМРО-ДПМНЕ и ја повикува владата да каже кои други функционери немаат НАТО безбедносен сертификат и зошто.