Грчката управа за цивилно воздухопловство вчера објави ново продолжување на воздушните директиви за ограничувања на меѓународните летови до 22 февруари.
Според најновата одлука на грчките власти, донесена викендов сите постојни мерки што важат за влез на странски државјани во Грција се продолжуваат до 22 февруари во тековната година.
Грчката управа за цивилно воздухопловство вчера објави ново продолжување на воздушните директиви за ограничувања на домашните летови до 15 февруари и меѓународните летови до 22 февруари. Што се однесува до домашните летови, дозволени се само неопходните патувања на сите аеродроми во земјата и вклучуваат патувања од здравствени причини, за деловни цели, од објективни семејни причини и враќање на луѓето кои имаат постојан престој, објави агенцијата АНА.
Што се однесува до меѓународните летови, ограничувањата ќе важат до понеделник, 22 февруари, во 6 часот наутро, што значи забрана за влез во Грција за државјани на трети земји кои не се членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор. Забраната не се однесува на Велика Британија, Сингапур, Австралија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати, Русија и Израел.
Сите патници кои влегуваат во Грција од која било странска земја, вклучувајќи ги и земјите-членки на ЕУ, подлежат на задолжителни мерки на претпазливост дома или на местото на привремен престој наведени во образецот PLF, седум дена, освен ако не останат во Грција за пократок период, во кој случај привремено ограничување важено за тој период, односно до нивното заминување.
Покрај тоа, странските патници ќе бидат подложени на задолжителна проверка по пристигнувањето и во случај тестот на патникот да биде позитивен на вирусот корона ќе биде ставен во карантин од 14 дена. Што се однесува до меѓународните патници, само оние кои имаат негативен тест за PCR не постар од 72 часа можат да влезат во Грција.
Во Грција од вчера се засилени мерките за сузбивање на вирусот корона, со воведување полициски час од 18 до 6 часот наутро.
Comments are closed for this post.