Во касарната „Илинден“ денеска ќе биде промовирана првата група подофицери од професионалните војници. Првата група ја сочинуваат 65 лица од вкупно 120-те професионални војници.
Курсот за подофицери се организира по 11 години. Обуката за нив почна на 28 ноември 2020 година, а заврши на 4 февруари, додека втората група од 55 лица ќе ја започне обуката на 22 февруари.
Обуката се реализира во Центарот за обука „Пепелиште“ од страна на искусни инструктори од Командата за обука и доктрини, Баталјонот за специјални сили и Извидувачко – разузнавачкиот баталјон. Курсот за подофицери се состои од повеќе теми и тоа – подофицерски одговорности, воени вештини, лидерство и етика, општи воени знаења и практични форми на обука и ситуациони вежби.
На промоцијата најавено е обраќање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а од Министерството за одбрана истакнуваат дека настанот ќе се одржи согласно мерките за заштита од Ковид -19.
Comments are closed for this post.