Како Претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп.
На почетокот на средбата се заблагодарив за прифатената покана за средба од страна на амбасадорот на Холандија, при што го информирав дека во текот на месец јануари годинава остварив средби со амбасадори на земји-членки на ЕУ.
На средбата го запознав амбасадорот на Холандија за клучните цели на Националниот совет за евроинтеграции од формирањето во 2007 година, надлежностите, инклузивниот состав и клучната улога што Советот треба да ја оствари во процесот на пристапните преговори со ЕУ.
Исто така на средбата разменивме мислења за прашања од областа на борбата против корупцијата, предизвиците што претстојат во процесот за почеток на преговорите, ефектите од пандемијата со Ковид 19 врз економијата, проблемите околу вакцините, напиша Александар Николоски на својот фејсбук профил.
Како Претседател на Националниот совет за евроинтеграции, остварив средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е….
Posted by Aleksandar Nikoloski on Thursday, February 4, 2021
Comments are closed for this post.