Министерот Венко Филипче соопшто дека се изготвени списоците со имиња на граѓани први ќе ја примат вакцината против коронавирус.
Последната препорака е да се вакцинираат и луѓето кои биле заболени без разлика дали имаат или немаат антитела.
И покрај вакцината, мора да се почитуваат мерките за заштита. Направен е список од 14.000 граѓани кои ќе бидат повикувани преку матичните лекари, преку системот „Мој термин”, вели Филипче.
Македонија ќе набави кинеска вакцина, а се очекува дека во февруари ќе почне процесот на вакцинација. Прес24
Comments are closed for this post.