Собранието во среда ќе расправа за интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања поднесена од опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица.
Ова било договорено на денешната координативна седница на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери.
На координацијата биле договорени активностите на Собранието во текот на неделава. Пратениците денеска ја продолжија триесетата седница, закажани се и седници на неколку комисии. Гласање по точките од дневен ред од оваа седница, но и за 32. седница, ќе се реализира кога ќе се создадат услови за тоа.
Comments are closed for this post.