Арбен Таравари се сомнева дека годинава ќе се одржи попис-роковите се кратки, а методологијата нејасна

29.01.2021 / 15:25


Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари се сомнева дека годинава ќе се одржи попис. За него е нејасна методологијата за попишување и нема да оди на дебатите, бидејќи, како што вели, на нив мнозинството градоначалници застапуваат партиски ставови.

Сомнежот дека попис оваа година нема да има, Таравари го искажа во одговорот на новинарско прашање дали добил покана за учество во најавените дебати. Прашан на што го темели сомневањето, посочи дека роковите се кратки за да се исполнат условите, а нејасна е и методологијата.

Попис треба да има, тоа сум кажал повеќе пати и стојам на тој став. Меѓутоа имаме повеќе забелешки на методологијата. Не можам да го разберам ниту директорот државниот завод за статистика кој во неколку наврати различно зборува. Од тие причини, имам лични дилеми дека пописот ќе се одржи оваа година. Еве, веќе сме февруари, а подготовките за ваква значајна операција не се почнати, рече Таравари, нагласувајќи дека тоа е негов личен став.

Дебатите за пописот на кои се поканети градоначалниците ги смета за некорисни. На нив нема да оди, бидејќи во ЗЕЛС мнозинството се кадри на СДСМ и предлозите на опозициските градоначалници нема да се прифатат.

Добивме покана од ЗЕЛС, но таму од 85 градоначалници, само петмина не се од СДСМ. Па така, бадијала ќе дебатираме, кога нашите сугестии и предлози не се прифаќаат. Јас веќе година и пол ги игнорирам нивните седници, така ќе биде и со оваа. На оваа тема ќе дебатираме, но во ЗЕЛС не, објаснува гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Суверенитетот извира од граѓаните а не од меѓународната заедница

пред 3 часа
Македонија

Младите се во фокусот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 часа
ВМРО-ДПМНЕ ПРАШУВА

Уставните измени не се последна, туку прва отстапка од барањата на Бугарија

пред 4 часа
Македонија

Тестирањата покажаа: Oд Маџари до Скопје со Градски воз ќе се стигнува за 5 минути

пред 1 ден
Македонија

Николоски на средба со Болат и Уралоглу: Македонија и Турција градат силно партнерство

пред 1 ден
Македонија

Само Филипче и СДСМ сакаат уставни измени

пред 1 ден
Македонија

Никој ништо не ти може Стојна, Стојна, Стојна…

пред 1 ден
Македонија

Савески: Предметот „Мазут“ е во Вишото јавно обвинителство

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Mногу скоро ќе има парламентарни избори

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Исполнувањето на бугарските барања е само почеток, ќе се отвори Пандорината кутија

пред 2 дена
Jojobet GirişMadridbetMadridbetholiganbetcratosroyalbet girişgrandpashabetesbetDeneme Bonusu Veren SitelerDeneme Bonusu Veren Sitelerdeneme bonusugrandpashabet girişGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetjojobetjojobet girişcasibomgrandpashabetgrandpashabetmarsbahis girişholiganbetholiganbetgrandpashabet