Странски компании кои веќе инвестирале во земјава, своите реинвестиции , наместо во Македонија, ги реализираат во соседна Србија.
Во изминатиот период тие постојано критикуваа за лошата бизнис клима и за честото менување на законите, како и за недоволна грижа од страна на владините претставници кои се задолжени за нив. Некои од нив дури сведочат дека добиле одговор од одредени претставници на власта дека во земјава има доволно инвестиции, со што не ги земале во обзир проблемите кои ги мачат компаниите
За тоа дека компаниите донеле одлуки да го шират бизнисот во соседна Србија, сведочи и Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компани со технолошко напредно производство во емисијата Топ Тема на Телма,
Некои од компаниите во Македонија наместо да реинвестираат тука направија реинвестиции во соседните земји, на пример имавме две инвестиции на Адиент тука, таа отиде во Србија, Кромберт и Шуберт отиде во Србија, Аптив отиде во Србија и тоа е еден многу лош сигнал кога ќе видите дека компании кои се тука лоцирани , нивните реинвестирања, нивните нови проекти не ги прават тука , во вашата држава туку ги прават во други места , не успеавме да ги задржиме, изјави Виктор Мизо
Само компаниите од автомобилската индустрија во Македонија вработува нас 28 илјади луѓе, извозот надмина 3 милијарди во 2019, а лани имаше намалување од 13 проценти.
Во 2020, 49% од целиот извоз од Македонија е на овие 19 компании кои се од автомобилската индустрија, односно повеќе од две третини отпаѓа на овие компании.
Comments are closed for this post.