Адвокатот Јовица Страшевски на денешното рочиште за случајот „ТНТ“ до судијата Огнен Ставрев достави барање за изземање на застапникот на обвинението Бурем Рустеми.
Ова барање ќе биде доставено до Републичкиот јавен Обвинител Љубомир Јовески кој треба да ја донесе одлуката.
Во барање за изземање на обвинителот Рустеми од овој случај се застапени четири околности кои за одбраната предизвикуваат сомневање за негова непристрасност.
Во денешното барање за изземањето на Рустеми одбраната се сомнева за постапување на обвинителот Рустеми и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева спротивно на Закон и елементи на пристрасност и корумптивни дејствија.
За овој аргумент се доставени докази во која била опфатена кривична пријава до ЈО поднесена од страна на општина Гази Баба за нелегално градење, при што ОЈО Скопје ја прифатило како основана на ден 31.03.2017 година и за овој предмет била започната судска постапка и закажани рочишта против лицето Ардијан Азмоски и правното лице ТДУТУ Фине.
Доставена и комуникација која беше приложена како доказен матријал во друг предмет наречен Рекет 2, каде што предметот против Ардијан Азмоски го превзема во своја надлежност СЈО на Катица Јанева од ОЈО Скопје, по што по превземањето на овој предмет после само 6 дена СЈО поднесува Поднесок за негово повлекување.
Од доказните матријали јасно се гледа дека обвинетитот Азмоски во истиот ден по повлекувањето на овој предмет, преку смс комуникација му се заблагодарува на Бојан Јовановски за помошта за повлекувањето на предметот.
„СЈО го повлече предметот. Благодарам од срце. Ајде сега да работиме на раат“-mу пишал Амзоски на Јовановски.
Овие доказибеа презентирани во предметот „Рекет 2“, каде што јасно беше посочено дека таму обвинетиот Бојан Јовановски после 1 месец од затворањето на предметот на Азмоски, од бизнисменот добива 350 илјади евра на рака, а претходно меѓу двете лица е склучен договор за деловна соработка.
Наредните неколку месеци, Бојан Јовановски Боки 13 и Меѓународен сојуз, а преку Јасна Мандиќ, од страна на Трговскот друштво Дримм Билдинг Струга чија сопственост е на Азманоски во неколку наврати биле уплатени суми на Меѓународен сојуз во изност од 850 000 евра.
Одбраната на обвинетите во случајот ТНТ исто така се сомнева во директна инволвираност од страна на обвинителот Рустеми во дејствија од сомнителен карактер спротивни на законот за кривична постапка, кои предизвикуваат сомневање за негова пристрасност. За оваа пристрасност одбраната се сомнева за наодите и доказите во предметот Рекет 2, каде што јасно се гледа влијанието на обвинителите Катица Јанева и Бурим Рустеми за повлекување предметот за нелегално градење на Ардијан Азмоски и правното лице ТДУТУ Фине. Бурим Рустеми како јавен обвинител заедно со Катица Јанева како специјален јавен обвинител без ниту еден дополнителен доказ или околност се откажале од обвинението против и ТД ,,ФИНЕ’’ ДОО Струга и Ардијан Амзоски како управител на ова трговско друштво, што според одбраната создава сомнеж за можна вмешаност на Катица Јанева и Бурим Рустеми во случајот познат во јавноста како “Меѓународен сојуз”.
Comments are closed for this post.