Во своето гостување на Инфомакс во емисијата „неделен брифинг“ со Сотир Костов претседателот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека Зоран Заев е али експрес политичар и дека на Заев побитни му се парите отколку идентитетот.
Колку повеќе вие ја отварате пандорината кутија толку поголеми ќе бидат барањата. Зошто? Затоа што, тие се таму каде што ние сакаме да бидеме. Се задскриваа тие позади прашањето со името со нашиот јужен сосед видоа дека се роди човек кој што може тоа да го прифати, односно нема правило за него, затоа што неговата би рекол али експрес реплика на една изјава на една телевизија кажа дека не му е битен на него идентитетот битно му е да биде дел од Европската унија и мислејќи дека ако биде дел од европската унија, ќе има повеќе пари. Ама доколку тој во политиката успеал да биде али експрес копија по принципот на оној вицот со полжавот тоа не значи дека и навистина кога вие ќе бидете дел од европската унија така ќе успете, затоа што и таму треба компетенции, вештини и знаење.Таму не се успева со лигавење и со вовлекување, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.