Преспанскиот договор им нанесе непоправливи штети на националните интереси на Грција, откако на Скопје му го призна идентитетот и јазикот.
Ова за „Катимерини“ го изјави поранешниот грчки премиер Андонис Самараса.
-Не решивме никаков проблем. Едноставно, проблемот што го имавме се трансформира во друг, поопасен, што ги вмешува Бугарија, Албанија и Косово. Второ, со Преспанскиот договор не беше спречен влезот на Турција во регионот. Напротив, тој се засили. Државите, кои не притискаа да отстапиме пред Скопје, не ја поддржаа Грција кога дојде моментот да се справиме со провокациите од страна на Турција, изјави Самарас.
Тој додаде дека „некои продолжија да ја охрабруваат Турција“, а некои држави, кои сега отворено ја поддржуваат Грција, „како Франција, на пример, не ја поддржаа категорично интеграцијата на Скопје во Европа“.
-Ниту проблемот се реши, ниту Грција виде нешто добро. Само се нанесоа непоправливи национални штети, давајќи му на Скопје име, идентитет и јазик, вели бившиот грчки премиер.
Comments are closed for this post.