Седум лица, од кои четворица потешко, се повредени во Париз откако биле нападнати од човек наоружан со нож и метална шипка.
„Ништо не укажува дека станува збор за терористички напад“, рекол извор близок до истрагата, кој додал дека осомничениот е државјанин на Авганистан. Нападот се случил доцна вечерта во неделата, во северниот дел на Париз.
Крвавиот пир започнал кога напаѓачот прво со нож прободел три лица во близина на кино, неколку мажи се обиделе да го сопрат, но тој успеал да побегне при тоа прободувајќи со нож двајца англиски туристи, ранувајќи го едниот од нив во гради, а другиот во глава.
Напаѓачот кој во меѓувреме бил повреден, на крајот е уапсен.
Comments are closed for this post.