Законот за попис кој беше донесен вчера има многу нелогичности кои не беа отстранети иако опозицијата тоа го бараше. Најпроблематични се два члена во кои се предвидува начинот на попишување, како и тоа кој ќе биде опфатен.
Конкретно ќе попишуваат и лица коишто не се физички присутни, само со изјава и без приложување на лични документи.
Членот 8 тоа убаво го објаснува дека за лицата кои не се во Македонија нивните податоци ги дава полнолетно лице кое најмногу го познава.Единствено што треба е да го каже матичниот број на отсутниот и толку.
Што во превод тоа значи
Таткото на семејството ќе може да ги издиктира матичните броеви на тројцата синови кои 20 години живеат на пример во Швајцарија и кои само налето доаѓаат нагости во Македнија и тие ќе бидат внесени како резидентни жители.
Членот 6 од законот пак е целосно спротивен на стандардите на Евростат. Во него се вели дека ќе бидат попишани државјани на Македонија кои имаат живеалиште или престојувалише без оглед на тоа дали во моментот на попишување се во земјата. Ова во превод значи дека Македонија може да има и пет милиони жители.
Но, Евростат бара да се попишува само населението кое во моментот живее во земјата односно т.н резиденти.
Затоа опозицијата бараше да се обезбедат читачи на отисок на прсти за да се види дали лицето е присутно во земјата во моментот на попишување. Но, тоа не беше овозможено.
ВМРО-ДПМНЕ најави дека покрај во Собранието, ќе го руши законот и преку граѓански потписи.
Comments are closed for this post.