Албанија го протера рускиот дипломат Алексеј Кривошеев поради наводно непочитување на мерките против ширењето на коронавирусот.
Во соопштението на албанското Министерство за надворешни работи се вели дека Кривошеев е прогласен за „персона нон грата“ и го замолува да ја напушти земјата во рок од 72 часа.
Министерството соопшти дека од април минатата година споменатиот дипломат постојано ги кршел мерките.
Се наведува дека албанските власти најпрво контактирале со амбасадорот, но дипломатот продолжил упорно да ги крши ограничувањата наметнати поради пандемијата.
Повторените оспорувања на правилата и чекорите за заштита за време на пандемијата и игнорирањето на загриженоста на албанските државни институции во врска со ова, повеќе не можат да бидат оправдани и толерирани, се вели во соопштението.
Министерството не даде детали за наводните кршења, ниту за позицијата на дипломатот.
Во Албанија, полицискиот час е во сила ноќе, употребата на маски во затворени простории и на отворено и социјалното дистанцирање се задолжителни.
Се надеваме дека оваа одлука … во таков предизвикувачки момент за светот ќе биде разбрана од руската страна како неопходен чекор за заштита на здравјето и безбедноста на сите во Албанија, се вели во соопштението на Министерството.
Comments are closed for this post.