Во Германија е регистриран прв смртен случај по втората зараза со коронавирус, што е трет случај од ваков вид во светот.
Починатиот за прв пат заболел од коронавирус во април минатата година, а по втор пат во декември. Тој не ја преживеа втората инфекција.
Починатиот човек живеел во областа Фројденштат, објавија здравствените власти на Штутгарт.
Пациентот починал од Ковид-19 поради пневмонија и сепса, со откажувања на повеќе органи, објавија надлежните органи.
Станува збор за маж на возраст од 73 години, кој, по првата инфекција, очигледно не стекнал силен имунитет.
Германските власти посочуваат дека се мали шансите некој по вторпат да се зарази со коронавирус, но има индивидуални случаи кога пациентите не создале доволно антитела.
Comments are closed for this post.