Општина Сарај почна со уривање на објектите и содржините на езерото Треска.
Со градежна механизација се отстрануваат сега веќе запуштените бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, кои пред четириесетина години беа изградени со самопридонес на граѓаните, јавува порталот СакамДаКажам.
Со уривањето на инфраструктурата, Општина Сарај почнува со постапката за реализација на Деталниот урбанистички план (ДУП), односно изградба на хотелски комплекси и викенд населба.
Comments are closed for this post.