Премиерот Заев истакна дека од политичарите прв веројатно ќе се вакцинира министерот за здравство, Венко Филипче. Така е редот, рече Заев, по лекарите и медицинскиот персонал да се вакцинира и Филипче. Сепак, повтори дека и тој ќе ја прими вакцината, но пред него, предност ќе имаат, посочи, хронично болните, возрасните и луѓето кои досега од КОВИД загубиле член од семејството.
-Потврдувам дека ќе бидам меѓу првите што ќе ја примат вакцината, но не сакам да му го земам правото на никој, и јас сум граѓанин како и секој друг. Сепак, сакам да дадам личен пример дека вакцината треба да се прими за да се заштитиме од корона вирусот и да го вратиме животот во нормала. И јас и моето семејство и моите роднини ќе ја примиме вакцината, порача Заев.
Comments are closed for this post.