Здружението Драмски аматерски фестивал, во новата година влегува со променет состав.
Собранието на фестивалот за нов извршен директор на фестивалот со мандат од четири години го избра Дарко Спасов драматургот од Театар Комедија, за претседател на собранието во траење од две години е избран Димче Николовски режисер од Драмски театар Скопје, а за селектор во следните две години беше избран Благој Веселинов, актер во МНТ Скопје.
Подготовките за 58. издание во 2021 година течат и од управата на фестивалот се надеваат на што побрзо зауздување на пандемијата и овозможување нормални услови за работа и враќање на публиката. Во тек е дигитализирање на богатата архивата на ДАФ, кој веќе 6 децении е матица на драмскиот аматеризам и е, меѓу другото и еден од најстарите фестивали во Македонија.
Новата управа ги повикува сите заинтересирани страни, здруженија, правни субјекти, поединци, вратата на фестивалот е отворена за соработка, партнерство, за Кочани да продолжи и во седмата деценија како одличен домаќин на театарските групи од Македонија и странство.
За и околу ДАФ посетете ја веб страницата: www.dafkocani.com
Comments are closed for this post.