Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на германските покраини се согласија да ги продолжат ограничувачките мерки наметнати поради Ковид-19 за повеќето продавници и училишта до 14 февруари, јави ДПА.
Сега е време да се преземат мерки на претпазливост против заканата што ја носи коронавирусот, изјави Меркел по состанокот со премиерите на 16-те германски провинции.
Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирусот во Германија се намалува во изминатите денови, но вирусолозите предупредуваат дека е можно ширење на позаразни варијанти на вирусот.
Comments are closed for this post.