Министесртвото за труд и социјална политика преку соопштение ја информира јавноста дека Законот за пензиско и инвалидно осигурување им дава можност на жените да остварат право на пензија на 62 години возраст и 15 години стаж.
Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството информира дека согласно Уставот, правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години.
Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.
Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.
Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж.
Со ова, фактички, Министерството ја дообјасни својата министерка Јагода Шахпаска, која гостувајќи на ТВ 24 внесе забуна во јавноста околу возрасната граница со која жените ќе можат да заминат во пензија.
Објаснувајќи дека во собраниска процедура се наоѓаат четири закони и тоа Законот за работни односи, Законот за здравствена заштита, Законот за вработени во јавната администрација и Законот за вработени во високото образование, таа додаде дека сите овие четири закони претставуваат дел од закони кои предвидуваат пензионирање со 64 години и 15 години пензиски стаж.
-Тоа е основниот услов за одење во пензија. Не за жени со 62, туку за сите е 64 години. Овие четири закон ги предложија пратениците, но се кординиараа со нас, изјави Шахпаска.
Comments are closed for this post.