Во Вашингтон се’ наликува на вонредна состојба, пишува „Дојче веле“.
Откако на 6 јануари толпа насилни демонстранти влезе во Капитолот покрај малубројните полицајци и припадници на обезбедувањето, сега се’ изгледа поинаку. Голем е стравот дека насилството ќе се повтори во среда (20 јануари), кога должноста свечено ја презема новиот претседател Џо Бајден.
Оваа година се’ е поинаку. Претставници на власта ги молат луѓето да не доаѓаат во Вашингтон. „Ќе работиме со партнерите од сојузната влада за да гарантираме безбедност на регионот и на нашиот главен град“, пишува во соопштението кое го потпишаа градоначалникот на Вашингтон и гувернерите на соседните држави Мериленд и Вирџинија.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.