Радмила Шекеринска била нервозна и лута затоа што судскиот процес за т.н. организирање на настаните на 27 април не течел со брзината која таа ја очекува. Во четвртокот во интервју за ТВ 21 за судењето за настаните на 27 април, кое е во тек таа изјави:
„И кога ќе видам дека толку бавно тече процедурата за главните виновници, и јас сум нервозна. Јас сум не нестрплива, јас сум лута.“
Оваа јавна изјава на министерката за одбрана и заменик-претседател на СДСМ може да се протолкува и како директен притисок врз судот да постапува согласно политичките желби на Шекеринска и СДСМ, да има брзи пресуди за нивните политички противници таргетирани од обвинителкатан Вилма Рускоска врз основ на исказот на Александар Василевски Нинџа, кој досега е менуван четири пати.
Сведочењето на Нинџа беше демантирано од судскиот вештак проф. д-р Мирослав Котевски кој со податоци и докази ги негираше зборовите на Нинџа, односно докажа пред судот преку анализа на базните станици кои ги регистрирале мобилните телефони на Нинџа, дека тој не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во времето во кое тврди дека бил присутен таму.
Comments are closed for this post.