Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија.
Предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик.
Притоа, надлежен јавен обвинител издаде наредби до СВР Струга со цел утврдување на идентитетот на сторителот, како и идентификација на други присутни на настанот. Во исто време, по наредба на јавен обвинител ќе бидат обезбедени евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на кривично – правниот настан.
Comments are closed for this post.