Вкупно 5,9 милиони евра од третата бескаматна кредитна линија на Развојната банка се одобрени на 506 компании кои имаат 3552 вработени.
Според структурата на овие кредитни барања, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се од микро компании и 9 кредитни барања се од трговци- поединци. Најголем дел од компаниите доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 37 отсто, а по него следи Полошкиот регион со 17 отсто и југоисточниот регион со 14 отсто. Од Југозападниот, Источниот и Пелагонискиот регион доаѓаат 7 до 8 отсто од одобрените кредитни барања во првата група, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5 отсто од одобрените кредитни барања во првата група, соопшти Развојната банка.
Оваа кредитна линија се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУ за отпорност од ИПА програмата.
Comments are closed for this post.