Министерот за правда Бојан Маричиќ, заедно со јавниот обвинител, Љубомир Јовески и претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев ја презентираа Методологијата, рече дека не сакаат на кој било начин да прават притисок или какво било влијание врз судството и обвинителството, но дека се должни да се грижат и будно да го следат процесот со кој ќе добиеме реформиран, транспарентен, ефикасен и од какви било притисоци ослободен правосуден систем.
Оценувањето на јавните обвинители, како што појасни државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, ќе започне од 1 јануари следната година, а обвинителите ќе се оценуваат врз основа на шестмесечни извештаи во кои ќе бидат разгледувани шест предмети, од кои три ќе ги посочи јавниот обвинител, додека другите предмети ќе се изберат по случаен избор.
Оценувањето на квалитетот на водење на судската постапка, според претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, ќе се врши преку увид во десет предмети на оценуваниот судија од периодот на оценување од кои пет предмети се добиваат по случаен избор од страна на автоматизираниот компјутерски систем за управување со судски предмети и пет предмети определени од самиот судија чие водење на судска постапка се оценува. Увидот во овие предмети го вршат комисии составени од пет члена на судии од сите апелациони судови, односно од непосредно повисокиот суд, а ги формира Советот по случаен избор.
Comments are closed for this post.