Министерот за здравство Венко Филипче повеќе се залага за законот за легализација на канабис отколку за вакцини против КОВИД-19?
Со појавувањето на министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена во емисија за да говори за легализација на канабис наиде на критики кај македонската јавност. Додека сите земји во регионот започнаа со вакцинација на населението против КОВИД-19, а Македонија тапка во место, министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев не знаат точно кога ќе пристигнат вакцините во државата.
Граѓаните стравуваат дека предоцна ќе ги добијат вакцините како што беше случајот со вакцините против обичен грип.Во ек на КОВИД криза министерот за здравство, Венко Филипче се појавуваа по емисии и говори за легализација на канабис.
„Законската надлежност во моментов на министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги е издавањето лиценци за одгледувањето на канабис за медицински цели, како и препишување на канабис за медицинска употреба. Со измените на Законот за опојни дроги, поточно измена во извозот на цветот од канабис, економскиот бенефит ќе го почувствуваат и пациентите“, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче во гостување во емисијата „360 степени“ на АлсатМ.
Апсолутно, јас лично поддржувам декриминализација на канабисот за лична употреба, но сметам дека треба да се дискутира, треба строго да се регулира, меѓутоа, лично го поддржувам тој процес, рече Филипче на тема декриминализација на канабисот и кој модел би можел да функционира во земјава. А, вакцини против КОВИД-19 не се знае кога во Македонија ќе пристигнат.
Власта смирува и неколку пати по ред нагласува дека до март би требало да пристигнат. Министерот за здравство Венко Филипче на една од своите прес конференции овој месец истакна дека очекува вакцините против КОВИД-19 во Македонија ќе стигнат во месец март.
Сите земји ги имаат истите активности, фокусирани се на вакцината како и ние. Најавата преку Ковакс системот, иако не конкретно, е дека вакцините треба да ги добиеме во месец март, како ние така и останатите земји од регионот кои имаат случено договор преку Ковакс системот, рече Филипче.
„Додека соседните земји го започнаа вакцинирањето, кај нас во тек е кампањата „Празнувај одговорно”!
Треба некој да му каже на Филипче дека бројот на лајкови и коментари не е показател дали е успешен или не. Што вели компаративната анализа со соседните земји? Србија започна со вакцинација на 24.12.2020 година, Бугарија започнува на 27.12. a Грција на 01.01.2021 година. Додека во другите земји се работи со план, програма, конкретни датуми и рок на реализација, ние слушаме нови оправдувања.
Светската здравствена организација одговори дека нема конкретен датум кога првите дози ќе стигнат во Македонија и посочуваат дека освен од достапноста на дозите, тоа зависи и од подготвеноста на земјата“, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ на една од своите прес конфренции.
Додека министерот за здравство Венко Филипче говори за канабис истовремено му се случува колапс на здравствениот систем, нема доволно здравствен персонал за справување со КОВИД-19, под завод на АВРМ невработени седат дома околу 2.000 медицински сестри и околу 3.000 лекари. Уште потажно е што има здравствен персонал кој во моменти на КОВИД криза работат на договор на дело и нивните примања се околу 17.000 денари и немаат здравствено осигурување.
Министерот за здравство Венко Филипче направи и раздор во здравстветниот систем со доделување на еднократна парична награда од 30.000 денари на одреден здравствен персонал, а другите ги заборави.
Comments are closed for this post.