Американското списание „Форбс“ ги вклучи раководителите на фармацевстките компании „Бионтек“ и „Модерна“ на списокот нови 50 милијардери, произлезени од здравствениот сектор како резултат на светската пандемија од Ковид-19. Податоците беа објавени завчера на вебсајтот на „Форбс“.
Пандемијата со корона вирусот, посочува „Форбс“, доведе до таму што значително порасна богатството на раководителите на фармацевстките компании и инвеститори во областа на здравствената заштита. Во прв ред, станува збор за компании, кои работеа на „откривањето вакцини, лекарства и медицинска опрема“.
„Форбс“ во 2020 година откри вкупно 50 нови милијардери од сферата на здравствената заштита. Најугледните нови милијардери годинава се научниците, кои стојат зад двете најуспешни вакцини против корона вирусот-едната разработена од американската компанија „Фајзер“ и германската биотехнолошка компанија „Бионтек“, а другата-на компанијата „Модерна“ со седиште во Масачусетс, пишува списанието.
Па така, финансиската состојба на главниот извршен директор и основач на „Бионтек“, Германецот со турско потекло Угур Шахин, се проценува на 4,2 милијарди долари. Французинот Стефан Бансел, која почна да ја води „Модерна“ уште во 2011 година, има капитал од 4,1 милијарди долари.
Состојбата на американските инвеститори Тимоти Спрингер и Роберт Лангер, кои во текот на 2019 година во развојот на „Модерна“ инвестираа 5 и 1,5 милиони долари, сега се проценува на две и 1,5 милијарди долари.
Списокот на нови милијардери вклучува и низа раководители на компании и инвеститори од Кина, Италија, Индија, Канада, Швајцарија, Данска…
Comments are closed for this post.