Изработен е итен акциски план за заштита на Преспанското Езеро кој е придружен и со финансиска конструкција. Планот е во владина процедура за усвојување, информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Тој се надева дека активностите од овој план ќе почнат наскоро да се спроведуваат и на таков начин, како што рече, ќе се намалат антропогените притисоци врз оваа клучна жешка точка на биодиверзитетот што ги трпи последиците од климатските промени од природните циклуси и осцилации, но и често од неодговорно однесување на човекот кон природата.
Со исклучителен и студиозен напор експертската работна група пристапи кон изработка на итен акциски план со мерки и приоритетни активности поради намалувањето на нивото на водата во Преспанското Езеро. Пропратен со една финансиска конструкција за имплементација на краткорочните и среднорочните документи. Планот е во владина процедура за усвојување, а сите документи се достапни на јавноста на нашата веб-страница на интернет, рече Нуредини на денешната прес-конференција на која ги презентираше активностите што Министерството ги презело во првите 100 дена од формирање на Владата.
Comments are closed for this post.