Поради официјална посета на турската делегација на Македонија предводена од , претседателот Големото национално собрание на Република Турција Мустафа Шентоп, денеска и утре МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот Скопје.
Од таму апелираат до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници.
Шентоп денеска и утре ќе престојува во посета на Северна Македонија по повод одбележувањето на 21 Декември, Денот на турската настава.
Денеска тој ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а потоа заедно ќе присуствуват и ќе имаат обраќања на официјалната прослава
Според агендата, ќе се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.
Comments are closed for this post.