Утрово изби пожар во стан во скопски Мичурин.
Во станот кој се наоѓа на првиот спрат во една од зградите во оваа населба според станарите сопственикот собирал отпад. Станот бил затрупан со стари работи.
Пожарот беше брзо изгаснат од страна на противпожарната бригада. Во инцидентот нема повредени, но причинета е голема материјална штета.
Comments are closed for this post.