Според податоците на Еуростат, Македонија е трета најсиромашна земја на европскиот континент, а Албанија и БИХ се најсиромашните земја во Европа со БДП што е околу 31% од просекот на ЕУ.
Ова значи дека на овие земји ќе им требаат децении за да ги достигне економските стандарди на остатокот од ЕУ и имаат слаб економски потенцијал.
Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93% над просекот на ЕУ. Другите врвни резултати се на Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија.
Во однос на земјите-членки на ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47% од просекот на ЕУ.
Земјите од Западен Балкан според Еуростат котираат слабо со тоа што Босна и Херцеговина тесно ја надминува Албанија, а Македонија има трет најнизок БДП. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место.
Comments are closed for this post.