Европската Унија не смее да дозволи билатерални несогласувања да бидат пречка Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со Унијата. Ова го порача американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер на форумнот „Да се биде безбеден“ организиран од Атланскиот сојуз на Црна Гора. Според Рикер, двете земји направиле важни и тешки чекори на патот за европските интеграции.
Македонија направи сè што се побара од неа и треба да ѝ се дозволи да продолжи да се движи напред. Ова е важен моемнт за Европската Унија, секако ние баравме од Бугарија билатералните прашања со Македонија да ги решава надвор од преговарачкиот процес, а истовремено баравме меѓувладината конференција да се одржи оваа година. Скопје ја има заслужено таа можност и само треба да продолжи да се фокусира нанапред.“-изјави Филип Рикер, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД.
Comments are closed for this post.