Во денешното издание во емисија “Студио 10” на ТВ 24 гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој зборуваше за погрешните одлуки на Зоран Заев и Владата, како и за спорните решенија околу договорот со Република Бугарија.
Мицкоски потенцираше дека Зоран Заев долг период ги убедувал граѓаните дека тој всушност не разговарал за идентитетот, односно дека воопшто не се разговарало на таа тема поради тоа што македонските претставници одбивале да го стават на маса предлогот за било какво идентитетско разобличување.
“Ќе бевме среќни доколку беше вистина она што тогаш Зоран Заев го кажа, но за жал после само два дена самиот се демантираше. Во едно негово гостување во радио програма, самиот тој призна дека идентитетот бил предмет на разговор на т.н преговори со бугарската дипломатија. Самиот тој кажа дека веќе нема да можеме да ја користиме придавката “македонски”, што претставува голем пораз за нас како држава и нација”, вели Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со таквиот пристап кон решавањето на проблемите во однос на договорот со Република Бугарија, и токму поради тоа подава рака за национален спас. Мора да се формира влада за национален спас која заеднички ќе изгради несоборливи црвени линии кои ќе бидат штитот на македонскиот идентитет, кажа Мицкоски.
Во однос на интервјуто на Заев и неговите ставови, Мицкоски кажа:
– Вие ако имате во еден момент такво интервју во кое што буквално ги навредувате сите жртви дадени за независна македонска држава, понатаму велите дека не преговарате за тоа, па потоа добивате патриотски севдах, па жицата повторно ја враќате во игра, а вие сте премиер внимавајте луѓето во вас очекуваат да видат стабилност, сигурност, еден континуиран правец на водење на политика, а вие практично имате такви осцилации на дневна на неделна основа што навистина луѓето се чувствуваат збунети. Затоа еве за да не бидеме ние збунет, чим не преговараме ајде да го ставиме ова на документ и да го усвоиме во рамките на парламентот. Нека биде тој документ резултат на еден напорен работен ден помеѓу претставници на сите политички парламентарни партии и ги повикувам вонпарламентарните партии да се приклучат да го потпишат и да ја затвориме таа тема, вели Мицкоски.
Comments are closed for this post.