Ние велиме – ДА за Европа и велиме НЕ – за уцени врз македонскиот народ! И НЕ за уцени врз нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и сите други, порача доцна синоќа премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

Ние градиме пријателства. Ние сме светол пример за добрососедство. Ние никогаш не сме предизвикувале проблеми и никогаш нема да бидеме проблемот. Ние сме носители на решенијата. Тоа е нашиот победнички став.
И затоа бараме, ЕУ да ја исполни својата фундаментална обврска и да ги препознава и чува како непроценливо богатство историските и идентитетски различности на нациите на Европскиот континент. Македонскиот идентитет и јазик не смеат да бидат исклучок од овој принцип. Бараме на ист начин како што ние се грижиме, го развиваме и скапоцено го чуваме европскиот идентитет дома, така и ЕУ да го почитува, да се грижи и да го чува нашиот македонски идентитет, како скапоценост на својата различност, напиша Заев.