Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја поставуваат изложбата „МиниАРТура“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, ГТЦ 2 кат, локал 306 во Скопје и ќе трае до 20.12.2020 година.
“МиниАРТура, представува уште еден уметнички предизвик, за врвните мајстори на четката и палетата кај што минуциозноста на потегот, обезбедува висок личен квалфикатив.
Во овој ДЛУМ-ов проект покрај традиционалната минијатурна уметност, каде што покрај умешноста во намалувањето на фигуративните ликовни елементи, среќаваме и дела поблиски до апстракцијата или различни стилови на современата визуелна уметност денес.
Широкиот спектар на техники, од традиционални, современи како и нивно комбинирање или дела чија објективна вредност можете да ја дознаете доколку ги гледате под лупа, ја прави оваа изложба, несекојдневна и интересна за широката јавност.
На изложбата учествуваат 34 автори членови на ДЛУМ: Александар Јанев, Ана Спасова, Ана Темкова, Ангелца Стоиљковиќ, Андријана Мациев, Валентина Илијевска, Ванчо Јаков, Давор Кешќец, Дејан Иванов-Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Емилија Божиновска, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Зулејха Али, Ива Станковска, Ивона Велковска, Игњат Шќекич, Илина Арсова, Јовица Мијалковиќ, Кирил Геговски, Љубица Мешкова Солак, Љупчо Бојаров, Маја Димитрова, Марија Светиева, Марјана Костојчиновска Узунчева, Мирјана Крстева Масети, Перо Кованцалиев, Петра Јовановска, Силвана Атанасовска, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска, Филип Цаковски.
За изложбата „МиниАРТура“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, по дванаесетти пат се додели наградата „ЗЛАТНА ЧЕТКА“ на авторот Ана Спасова.
Comments are closed for this post.