Во возачките дозволи во БиХ наскоро ќе биде наведено дека возачот се согласува неговите органи да бидат донирани во случај на смрт.

Станува збор за измена и дополнување на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во БиХ, а таа опција е дефинирана во случај кога некое лице потпишува ваква изјава кога поднесува барање за возачка дозвола.

Законот беше усвоен од Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина на предлог на Дамир Арнаут.

Арнаут на Твитер напиша дека ова е нормална пракса во светот, да се запише во возачка дозвола ако некое лице сака да донира органи во случај на смрт.

Не се троши време на согласност на семејството во ситуации кога секоја секунда е битна. Бројни животи се спасуваат, изјави Арнаут за сараевски медиуми.