Во Галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ во Музејот на град Скопје денес (9 декември) ќе биде отворена годишната изложба на делата на Анастасов.
Станува збор за презентација на 30-ина дела од најзначајните циклуси на авторот Родољуб Анастасов, кои се дел од колекцијата на Галеријата ‘Јустина и Родољуб Анастасов’, вредна донациска збирка која брои околу 400 дела кои потекнуваат од различни временски периоди (од 1957 до 2010) и претставува своевиден пресек на повеќе ликовни стилови и тенденции во современата македонска ликовна уметност“, посочуваат од Музејот на Град Скопје. Оттаму потенцираат и дека на изложбата ќе бидат претставени импресивните портрети и автопортрети од циклусот „Голооточки портрети”, создадени во текот на 1964-1965 година, потоа апстрактните „пејзажи” кои го следат енформелскиот израз – „Голооточки предели” и „Голооточки варијации” од истиот период 1964-1965 година, „Нежните води од исток” од 1967 година, „Живот на подводниот свет” од 1962 година.
Изложбата ќе биде поставена до декември 2021 година, а истата може да се посети во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19.
Comments are closed for this post.