Деновиве, додека траат преговорите со Бугарија, претставници на власта се обидуваат со сите сили да ја реобликуваат историјата и да ги претстават во друго светло случувањата од Втората светска војна во Македонија. Па така, јавноста се изнаслуша за тоа како бугарската војска и полиција, коишто имаат извршено неброени документирани злосторства врз населението, не биле окупатори, не биле фашисти, туку едноставно станувала збор за обична „администриција“.
Сепак, дека тоа не вистина е запишано во историјата, но и во сеќавањата и сведоштвата на Македонците, коишто на своја кожа, многу добро ја почувствувале таа бугарска „администрација“. Многу сеќавања сведочат за ѕверствата на Бугарите во Македонија во текот на Втората светска војна, а една од најембламитичните,односно највпечатливите приказни е онаа за фудбалскиот клуб СК Македонија, раскажана и во филмот „Трето полувреме“.
Во 1942 година СК Македонија настапувал во бугарската Прва лига, а на историските фотогрифии од натпреварите на СК Македонија против бугарските противници многу добрто може да се забележи како противниците салутираат со фашистички поздрави, додека тоа во не е случај со играчите на СК Македонија (во бели дресови).
Притоа, историски е одлично документиран односот на „бугарската администрација“ кон тренерот на СК Македонија, Илеш Шпиц, кој по националност бил Евреин од Унгарија. Тој на натпреварите морал да носи жолта ѕвезда на облеката и не смеел да се доближува до аут линијата за да не ги вознемирува присутните офицери на трибините.
Дополнително, истиот тој Шпиц, во 1943 година токму таа „бугарска нефашистичка администрација“ го уапсила и го пратила во Треблинка, концентрациониот логор на смртта. Сепак, по експресната интервенција, членови на раководството на клубот СК Македонија, успеале да го симнат Шпиц од возот, некаде во близина на Сурдулица, и со тоа да го спасат од сигурна смрт во која го испратила „бугарската администрација“.
Comments are closed for this post.