По објавувањето на текстот „Заев конечно обелодени: Ќе нема „македонска историја“, ќе има „историја на Република Македонија“ од Владата пристигна демант во кој посочуваат дека се работи за лажна вест.
Груба манипулација е содржината изнесена во текстот, во која подвлекувате дека „Премиерот Зоран Заев во своето гостување за Радио 77 призна дека со Бугарија се преговара за придавката македонски и дека бугарската страна инсистира таа да не се користи како во примерот, македонска историја, туку дека секаде треба да пишува историја на Република Cеверна Македонија“. Тоа што премиерот Заев ја информира јавноста за некои од бугарските позиции никако не значи дека се преговара за придавката „македонски“. Напротив, премиерот експлицитно кажа дека не се преговара за македонски идентитет, не се преговара за македонски народ, не се преговара за македонски јазик – тврдат од Влада.
Во изјавата преиерот Зоран Заев вели дека со Бугарија се преговара за придавката македонски и дека бугарската страна инсистира таа да не се користи како во примерот, македонска историја, туку дека секаде треба да пишува историја на Република Македонија.
Во меѓународна комуникација не може да се каже македонската Влада, туку може да се каже Владата на Македонија. Употребата на македонското, македонската, Mакедонецот, македонските или слично не е спорно, но проблем е и кога зборувате за македонските учебници, зборувате за македонската историја, кога зборувате за Македонски Брод. Значи они инсистираат да стои историјата на Република Македонија и секаде да стои така, рече Заев.
Изјавата на Зоран Заев е пренесена онака како што сме ја слушнале. Што е лажна вест во конкретниот случај не е јасно. Слушнете ја изјавата на Заев, некаде околу 32 минута.
Comments are closed for this post.