По написите за изречена условна казна затвор за Александар Маленко, кои вчера се појавија во некои медиуми, денес со демант се огласи Пливачката федерација на Македонија.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на ПФСМ:
Демант од ПФСМ и претседател на напис “Условна казна затвор за Маленко поради фалсификување исправи на Пливачката Федерација.
Најостро го демантираме написот (03.12.2020) кој се базира на груби невистини, лаги и клевети кон нашиот претседател- Александар Маленко и нас-Пливачка Федерација на Македонија, како единствена легална институција надлежна во нашата држава и нејзин единствен признат репрезент во светот. Во прилог на нашиот демант ви доставуваме и усвоен приговор (со комплетна документација, писмени докази, како и листа на сведоци и носители на државни функции надлежни за овој спор) од страна на надлежен суд и судија кој е во целост прифатен, а со тоа пресудата е укината. Предметот е вратен во првобитна постапка со главна расправа закажана уредно од страна на судот на 5.02.2021 со почетокот во 9:30, при надлежен суд во судница 8. Основно правило на новинарството е проверка на факти и информации наменети за јавноста за вистината во секоја ситуација и лесно може да се прекрши. Поради тоа искрено посакуваме и се надеваме на ваша објава во целост на овој демант, во тек на денешниот ден, стои во демантот на ПФСМ на кои е потпишан Александар Маленко.
Comments are closed for this post.