Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари соопшти дека е инфициран со корона вирусот.
Штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот Ковид-19. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во оваа игра, никој не може да се заштити сам … со тоа што не ги спроведуваме анти-ковид мерките, своеволно се претвараме во оружје еден против друг. Јас ке бидам под силен надзор од страна на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè. Чувајте се, наведе Таравари на неговиот фејсбук-профил.
Во текот на вчерашниот ден беше соопштено дека и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска е позитивна на Ковид 19.
Comments are closed for this post.