„Гледам амнезија која се чини го зафаќа светот како по трауматично искуство, и тоа е разбирливо“, рече Мајк Рајан на прес-конференција во Женева.
Но, ако направиме истото како по пандемијата со SARS, по вирусот H5N1, по пандемијата H1N1, ако продолжиме да игнорираме што можат да ѝ направат нови и опасни патогени на нашата цивилизација, тогаш веројатно повторно ќе го доживееме нешто уште полошо по нашите животи, предупреди Рајан.
На север, поради моделот на управување со трошоците на здравствениот систем, ги поставивме нашите здравствени системи така за да се користат 95, 98 или 100 проценти. Тоа е слично на модел на нискотарифна авиокомпанија, рече тој.
Па сега ние ја плаќаме цената за тоа затоа што немаме вграден капацитет за брзо проширување на можностите за реагирање, затоа што гледаме на здравството како трошок во нашите стопанства, како товар на развојот, дека ја оптоваруваме економијата, и сега треба да размислиме што значи тоа.
Лидерот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика државите да не ја политизираат истрагата за изворот на овој коронавирус, велејќи дека тоа само ќе создаде пречки за наоѓање на вистината.
Треба да го знаеме потеклото на вирусот, бидејќи тој може да ни помогне да спречиме идни инфекции, рече Тедрос. Нема што да се скрие. Ние сакаме да го знаеме потеклото и тоа е тоа, рече тој.
Comments are closed for this post.