Познато ми е како живееле Евреите во сите делови на Македонија. А Македонија е голема, таа не е само тоа што е денес. Меѓу Евреите и другото население на Македонија, отсекогаш постоеле најдобри односи. Тие сите се чувствуваат Македонци. Единствено што одеа во различни цркви.

Природно, по завршувањето на војната, секоја земја сакаше да се претстави во најповолна светлина. Бидејќи се работеше за проблематиката на жртвите, за проблематиката на мировните договори, поради сето тоа бугарската влада ги вложи, ги употреби убиените жртви на македонските Евреи како свои, вели Симон Визентал, најпознатиот прогонувач на нацистичките злосторници.

 

Извор Vecer press