Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор познат како К-15.
Регресот за годишен одмор годинава ќе биде во износ од минимални 10.884 денари.
Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, минималниот износ за К-15 за оваа година ќе биде 10.884 денари денари за нето износ или 12.093 денари бруто износ.
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.
За работодавците кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат големи казни, до 4.000 евра.
Comments are closed for this post.