Две турски компании влегоа во конкуренција за изградба на магистралниот гасовод во Македонија, објави министерот за економија Крешник Бектеши.
Компаниите “Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ од Турција доставија понуди за изградба на магистралниот гасовод во земјата. Врз основа на извештајот на Министерството за економија, вчера Владата донесе одлука со која овие две компании ќе бидат поканети да учествуваат во втората фаза на конкурентен дијалог. Тоа значи дека овие две компании ќе учествуваат во тендерската постапка до третата фаза која значи конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно- приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Македонија“ напиша Бектеши на својот Фејсбук.
👉Dy kompani turke kanë hyrë në garë për ndërtimin e gazsjellësit kryesor të gazit në Maqedoninë e Veriut.
✔️Kompanitë “…
Posted by Kreshnik Bekteshi on Wednesday, November 25, 2020
Comments are closed for this post.