Муцунски: Онлајн гласањето не е можно затоа што Уставот го ограничува, опозицијата ќе го користи механизмот за „неправење кворум“

24.11.2020 / 14:21


Доцент Тимчо Муцунски кој е и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во македонското собрание, утринава на гостување во „Утрински брифинг“, истакна дека онлајн гласањето не е можно затоа што Уставот истото го ограничува, опозицијата ќе го користи механизмот за „неправење кворум“.

Порача дека нема да дозволат Владата да реализира проекти што не ја засегаат кризата за реализирање свои други амбиции.

Во врска со моменталното гласање во собранието и притисокот од страна на власта за онлајн гласање, Муцунски рече дека прашањето не е толку наивно како што се гледа, но примарното толкување доаѓа од Уставот кој вели дека собранието мора да заседава во рамки на собраниската зграда. Муцунски вели дека политичкиот апспект е тоа што имаме Влада која е формирана со тесно мнозинство и обврска во едно функционирање е парламентарното мнозинство да си обезбеди мнозинство, а опозицијата да наоѓа модалитети преку кои ќе го изрази своето незадоволство, или пак да изрази проактивност.

По мене мора да имаме една начелна согласност, односно сите мерки кои се поврзани со здравствената состојба и со економската состојба, бидејќи здравствената состојба создава негативни импликации и ова не треба да биде поле каде ќе се водат политички битки, меѓу кои создавањето и несоздавањето на кворумот, посочи Муцунски.

Муцунски рече дека тоа веќе сме го виделе со носењето на економските мерки што значеше пример за исплаќање на плати за одреден број работодавачи, но нема да дозволиме низ ова Владата да си реализира свои други амбиции, проекти што не ја засегаат самата криза или кои не произлегуваат од нејзе.

Тука е тој обид од власта да се симплифицира ова прашање за онлајн гласање и нема да бидеме респонзивни заради предизвиците со кои се соочуваме. Денеска во собранието ќе се отвори комисиската расправа за буџетот и ќе дискутираме по 500-те амандамни, но онлајн гласање не е можно затоа што Уставот го ограничува, а сега не е време за гола политика, па опозицијата ќе го користи механизмот за „неправење кворум“, за проекти кои немаат никаква врска со оваа криза, вели Муцунски во „Утрински брифинг“.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Силјановска во Париз на отворањето на реновираниот Нотр Дам, билатерална средба со Макрон засега не е договорена

пред 17 часа
Македонија

ОЈО првпат објави: Имаме материјални докази кои го поврзуваат Палчо со убиствата

пред 21 час
Македонија

Филипче, неврохирургот на Заев не може да внесе свежина ниту во СДСМ, а најмалку во Македонија

пред 1 ден
Македонија

Приватните автобуси повторно на скопските улици

пред 1 ден
Македонија

Николоски: За прв пат промовираме зимско асфалтирање на минусни температури и токму на автопатот Кичево -Охрид

пред 2 дена
Македонија

Koja политичка кариера ја жртвувале Ковачевски и Заев за Македонија да стане членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ?

пред 2 дена
Македонија

Eдна од руските мети се наоѓа на 30 километри од македонската граница

пред 3 дена
Македонија

Личност на неделата: Данела Арсовска и Скопје кое веќе не смрди ни на мишка

пред 3 дена
Македонија

„Адинг“ засадува за идните генерации

пред 4 дена
Македонија

Жена ти, сестра ти, устата смрдена да ти ја… – недолично и насилно однесување на пратеникот Димитар Апасиев

пред 5 дена