Државата, министерот за здравство и Владата под итно, храбро и бескомпромисно да ги стави на располагање сите здравствени капацитети за лекување на ковид на пациенти, да ги одреди цените за лекување и за тестирање во приватните здравствени установи, изјави поранешниот министер за здравство, Имер Селмани во гостувањето на „Студио 10“ на Телевизија 24.
Наместо министерот за преговара со сопствениците на приватните установи, Селмани вели дека тој треба да преземе храбри и бескомпромисни одлуки.
Сега ако се пазариме може и да не се договориме, а луѓето ни умираат, вели Селмани. Вели дека 100-те кревети кои ги договори Филипче со приватните болници се премалку за она што не очекува со ваков број на заразени.
Според него, ситуацијата се уште не е целосно излезена од контрола, но вели дека тоа ќе се случи ако медицинскиот персонал почне да се откажува од оваа битка со корона вирусот. Тој вели дека државата треба да ги земе конците посилно во свои раце, да формира цена за тестирања и да се постават максимални цени на тестовите, а здравствените услуги во приватните да бидат според стандардизиран ценовник.
Comments are closed for this post.