Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, објави дека јавните училишта од денеска ќе бидат затворени поради зголеменото ширење на новиот коронавирус.
„Просечниот број на заразени лица во однос на анализираните го достигна прагот од 3 проценти за седум дена. За жал, тоа значи дека училишните згради ќе бидат затворени како мерка на претпазливост”, напиша Де Блазио на Твитер.
Тој посочи дека граѓаните мора да се спротивстават на вториот бран на Ковид-19.
Одлуката на градоначалникот е донесена во време кога владини претставници во неколку десетици држави размислуваат или применуваат мерки за затворање за да се запрат досега најголемите стапки на инфекции со Ковид-19.
Стапката на позитивни тестови за Ковид-19 во Њујорк постепено се зголемува, откако драстично опадна во текот на летото, додека бројот на нови позитивни случаи и хоспитализации скокна во други региони во последните неколку недели.
На национално ниво, бројот на пациенти хоспитализирани со Ковид-19 достигна 75.000, што е нов рекорд.
Comments are closed for this post.