Вработените позитивни на ковид 19, тие кои се асимптоматски и другите кои се во изолација поради контакт со позитивно лице ќе користат боледување и ќе им се крати од плата.
Откако владата пред две недели одлучи на административците и општинарите боледувањето да им се исплатува 100 проценти и упати само препорака до приватните газди да го прават истото, вчера ја корегираше грешката.
И сега наместо сите по 100 проценти, и вработените на државно и тие на приватно ќе добиваат, 70, 80, или 90 проценти од плата, во зависност колку денови се на боледување.
На грешката укажале невладините и синдикалците, а и медиумите, кои во владината одлука видоа дисктиминација. Забелешите за дискриминација на работниците стигнале до труд.
Владата на 3 ноември донесе одлуга да ги згрижи административците со исплата на 100 проценти боледување за ковид. Новинарите прашаа дали тоа не е дискриминација, вицепремиерот Фатмир Битиќи тогаш тврдеше дека сите суспектни кои седат дома добиваат 100 проценти од плата, без разлика дали се во државен или во приватен сектор.
Иако здруженијата беа категорични дека на терен не е така.
Со последната одлука вчера владата ја корегираше таа од пред две недели. Па сега иако е пандемија, за да нема дискриминација за сите вработени било во државен или во приватен сектор ќе се исплатува според закон и колективен договор. И додека владата во рок од две недели два пати носи различни одлуки, а пандемијата трае повеќе од 8 месеци, имаше многу забелешки за цел овој период дека во приватниот сектор дека не се добива ниту законскиот минимум.
Само за една недела Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал над 13.600 решениа за изолација, а граѓаните на социјалните мрежи постојано се жалат дека иако седат дома не им стигнува решение на време. До сега речиси 50.000 лица биле позитни на ковид, а уште десетици илјади други биле приморани на изолација поради контакт со позитивен. Нема никаква анализа како се регулирало отсуството од работа, и дали и колку се кратело во државен и во приватен сектор.
Comments are closed for this post.