Последната изјава на Вицепремиерот Никола Димитров во кој тој повикува да се посветиме на домашните реформи, потсети на она што го говореше поранешниот премиер Никола Груевски.

И тој после неколкуте позитивни препораки од Европската комисија дека Македонија е подготвена за почеток на преговори но немаше одлука поради грчката блокада велеше дека не треба да губиме време и оти треба да се посветиме на реформите.

Реформите ќе победат.Наш врвен приоритет останува членството во НАТО и ЕУ, но на тој пат имаме една пречка, а тоа е проблемот со нашето име. На овој проблем ќе посветиме максимално внимание. Ние сакаме решение, а граѓаните се тие кои ќе го имаат последниот збор на референдум-говореше Груевски во 2011 година.

Девет години подоцна Димитров се служи со истата реторика. Сега тој вели дека ако  блокирањето на Македонија за почеток на преговори продолжи тогаш убаво би било да се фокусираме на реформската агенда дома и да чекаме ЕУ да најде европско решение.

(фото: МНР)

Ако вака продолжи ЕУ, не знаеме како ќе продолжи, убаво би било да се фокусираме на реформската агенда дома, без разлика дали ќе има преговори. И да поканиме земји членки да ги помагаат од надвор. Пример земја која предничи во владеење на правото, да ја поканиме да ни помогне во реформите во судството. Ќе биде лошо ако влеземе во некој очај на бескрајно чекање. Мора да си ја држиме реформската кондиција. За тогаш кога ЕУ ќе овозможи европско решение, да бидеме во кондиција, вели Димитров- изјави вчера Груевски.

 

Добро е што Димитров конечно се свестил , па дури и со задоцнување од десетина години дека членството во ЕУ, или во случајот само почеток на преговорите во никој случај не може да бидат поважни од достоинството и националните интереси.